Република ЈП „Исар“-Штип

Штипски „Исар“ ќе поднесе кривични пријави против вандалите, кои искршија жардињери покрај реката Отиња

Се апелира до граѓаните да пријавуваат вакви инциденти и да помогнат во заштитата на јавниот простор, соопштија од ЈП „Исар“-Штип.

Штипски „Исар“ ќе поднесе кривични пријави против вандалите, кои искршија жардињери покрај реката Отиња

Штипското комунално претпријатие „Исар“ најави кривични пријави против групата на вандали кои искршија дел од жардињерите со цвеќе покрај реката Отиња.

Саксиите и зеленилото долж шеталиштето повторно беа мета на уништување, откако синоќа група млади лица кршеле жардињерии и расфрлале цвеќиња, оставајќи зад себе хаос што предизвика револт кај граѓаните.

Од ЈП „Исар“-Штип денеска информираат дека ќе поднесат кривична пријава против сторителите за кои веќе имаат обезбедено докази, а меѓу кои и видео снимки. Посочуваат дека не станува збор за изолиран случај, туку за повторувачки проблем, при што за дел од претходните инциденти веќе се водат постапки.

-За сите сторители на овој вандалски чин, за кои постои доказен материјал, ќе бидат поднесени кривични пријави. Во тек се постапки и за претходните слични случаи. Ваквото однесување нема да се толерира. Се апелира до граѓаните да пријавуваат вакви инциденти и да помогнат во заштитата на јавниот простор, соопштија од ЈП „Исар“-Штип.

To top