Република За престојната зимска сезона

Се подготвуваат скијачките терени во Нижо Поле

Граматковски најавува беспрекорно уредени падини и патеки.

Се подготвуваат скијачките терени во Нижо Поле

Јавното претпријатие „Стрежево”-Битола почна со техничка подготовка на скијачките терени што се наоѓаат во атарот на битолско Нижо Поле.

За престојната зимска сезона, претпријатието ги подготвува ски-лифтовите и патеките за дневно и ноќно скијање.

-Љубителите на зимските спортови и зависниците од зимскиот адреналин ќе се воодушевуваат на беспрекорно уредени падини и патеки, а ски-лифтот ќе биде достапен и за љубителите на ноќното скијање. Конкретните подготвителни активности се однесуваат на уредување на скијачкиот центар со сопствена механизација, подготовка на ски – лифтовите за технички прием и редовно сервисирање, со цел нашите корисници да можат целосно безбедно да скијаат. Го уредуваме паркинг просторот и урбаната опрема, вложуваме во материјали за подобар визуелен изглед на објектот, и ги подобруваме санитарните и хигиенски услови, истакна Методија Граматковски, генерален директор на ЈП „Стрежево“-Битола.

Ски-центарот „Нижеполе” престојната зима ќе добие подобар лик во новата скијачка сезона, потврдија од ЈП „Стрежево“.

Најнови вести од Република

To top