Росоман исплати по 12 илјади денари на родители кои имаат новороденче, информираше попладнево росоманскиот градоначалник Ѓорѓи Крстевски на Фејсбук.
– Денес беше извршена исплата од по 12.000 денари на сите родители кои имаа поднесено Барање за новороденче. Општина Росоман ќе продолжи со оваа мерка и во наредниот период, а во рамки на можностите ќе работиме и на зголемување на износот, со цел уште поголема поддршка за младите семејства, соопшти Крстевски.
Притоа подвлече дека грижата за најмладите е инвестиција во иднината на Општина Росоман.