Почна тампонирањето на улици на градските гробишта во Куманово, соопштија денеска надлежните од јваното претпријатие „Чистота и Зеленило“. Оттаму наведуваат дека уличките се тампонирани со гребен асфалт.
Имавме одредена количина на гребен асфалт и ги тампониравме уличките каде беше најкритично, онаму каде што се задржува вода по дождливите денови и каде има кал. Граѓаните реагираа и успеваме со тампонирање да го санираме проблемот. Ќе продолжиме и во иднина. Наскоро ќе се тампонираат уличките во новата парцела на градските гробишта, изјави директорот на претпријатието, Сашо Томиќ.
Претходно, на гробиштата беше поставена урбана опрема за собирање на смет, бидејќи граѓаните реагираа за недоволен број на контејнери. На гробиштата има екипи за депонирање и транспорт на отпад кој се собира два пати неделно поради големите количини на цвеќе, гранки. Чистењето го спроведуваат екипите на претпријатието.