Неколку стотини ученици од прилепското основно училиште „Кочо Рацин“ денеска возеа велосипед и пешачеа, одбележувајќи го 22 септември, светскиот ден на велосипеди. Ова е вторпат што се одржува манифестацијата „Сите на велосипед“, годинава повеќебројна за да се подигне свеста за заштита и на здравјето и на животната средина.
-Светскиот ден „Сите на велосипед“ го одбележуваме и годинава со рекреативна, едукативна работилница. Наша цел, како наставници, еда ја зголемиме свесноста кај учениците, како и значењето на чистата здрава околина, и пред сѐ, вежбовната активност за сите деца во развој, рече наставничката Наташа Мирческа.
Проектот за на велосипед го покренаа учениците.
-Сакаме да им упатиме порака и на децата и на возрасните за на училиште да не се оди со автомобил, туку со велосипед, со пешањење, со тротинет, ама не електричен. Сакаме да имаме здрав живот, здрава околина и грижа за сите нас, рече ученичката Милана Христоска.
Училиштето ја покрена акцијата, втора година по ред да допре и до децата и до родителите за значењето на телесниот и физичкиот развој на младите и заштитата на околината.
-Сакаме да се развие свеста дека автомобилот не е единственото превозно средство. А може и да со оди пеш. Затоа, порачуваме оставете ги децата нека се движат. Им се развива моторичката способност, изјави Јулијана Тренкоска, директорка на ОУ „Кочо Рацин“ од Прилеп.
Денеска со велосипед се возеше до прилепското село Лагово, а оние кои од кои било причини не можеа да возат велосипед, пешачеа до прилепското село Волково.