Република Општина Неготино

Потпишан меморандум за соработка меѓу Општина Неготино и доброволното противпожарно друштво „Повардарец“

Општина Неготино продолжува да биде заедница на совесни граѓани кои градат хармонија помеѓу човекот и природата, додаде Нацева.

Потпишан меморандум за соработка меѓу Општина Неготино и доброволното противпожарно друштво „Повардарец“

Меморандум за соработка бил потпишан меѓу Општина Неготино и неготинското доброволно противпожарно друштво „Повардарец“.

Неготинската градоначалничка Марија Нацева на „Фејсбук“ денеска информираше дека целта е побезбедно Неготино.

– Со огромно задоволство го потпишав меморандумот за соработка помеѓу Општина Неготино и доброволното противпожарно друштво „Повардарец“ од Неготино. Овој документ е потврда на нашата заедничка заложба за унапредување на безбедноста на сите граѓани и заштита на животната средина, напиша Нацева.

Таа појасни дека преку ова партнерство, двете страни се обврзуваат на заеднички проекти за поголема противпожарна заштита на територија на општината, едукација и тренинзи за превенција од пожари, модернизација и воведување нови технологии во работата на доброволните пожарникари, подигнување на јавната свест кај граѓаните за заштита на природата.

– Нашите доброволни пожарникари се вистински херои и симбол на солидарност. Општина Неготино продолжува да биде заедница на совесни граѓани кои градат хармонија помеѓу човекот и природата, додаде Нацева.

🤝 Потпишан Меморандум за соработка со ДПД „ПОВАРДАРЕЦ“ – ЗА ПОБЕЗБЕДНО НЕГОТИНО!

Со огромно задоволство го потпишав…

Posted by Марија Нацева on Сабота, 17 јануари 2026

To top