Република Општа болница - Дебар

По целосната реконструкција и нова опрема ставена е во функција Дебарската амбуланта за превентивна стоматологија за деца

Цврсто верувам дека грижата за оралното здравје уште од детството е инвестиција за цел живот, а оваа амбуланта е важен чекор во оваа насока, рече директорот Мерсим Колеци.

По целосната реконструкција и нова опрема ставена е во функција Дебарската амбуланта за превентивна стоматологија за деца

Во Општата болница со проширена дејност во Дебар, по целосната реконструкција на просториите и набавката на нова опрема, ставена е во функција амбулантата за превентивна стоматологија за деца.

-Цврсто верувам дека грижата за оралното здравје уште од детството е инвестиција за цел живот, а оваа амбуланта е важен чекор во оваа насока. Со целосно реновиран простор, од сопствени средства и од донација, нов стоматолошки стол, стерилизатор и компресор, целосно нови инсталации, оваа амбуланта сега има современи услови за работа, рече за МИА, Мерсим Колеци, директор.

Изрази посебна благодарност до Рефик Косоврасти, дебранец во САД, кој ги донирал средства за набавка на стоматолошкиот стол, стерилизаторот и компресорот за оваа служба, каде услуга ќе добиваат деца до 14- годишна возраст.

Колеци не го крие задоволството од овој последователен значаен зафат реализиран во болницата во правец на подобрувањето на условите за работа и давање поквалитетни услуги.

Дебарската болница со својата дејност ги покрива општините Дебар и Центар Жупа, а во итни случаи и подрачјето на Река, Општина Маврово и Ростуше. (МИА)

Најнови вести од Република

To top