Република отчет

Петков: За 2025 година планирани се рекорден број на проекти во Виница

Со особена чест и задоволство Ви презентирам отчет за сработеното во третата година од мандатот кој ми го доверивте. Вие, граѓаните, заслужувате да знаете каде и како е потрошен секој Ваш денар, а наша обврска е чесно, одговорно, транспарентно, отчетно и наменски да ги инвестираме, истакна на денесната прес конференција градоначалникот на општина Виница Миле Петков.

Петков: За 2025 година планирани се рекорден број на проекти во Виница

Со особена чест и задоволство Ви презентирам отчет за сработеното во третата година од мандатот кој ми го доверивте. Вие, граѓаните, заслужувате да знаете каде и како е потрошен секој Ваш денар, а наша обврска е чесно, одговорно, транспарентно, отчетно и наменски да ги инвестираме, истакна на денесната прес конференција градоначалникот на општина Виница Миле Петков.

Овие 3 години се соочивме со големи предизвици и наследени проблеми, како заглавени и нефункционални проекти и неисплатени обврски на претходната локална власт. Се соочивме и со период на постковид ситуација, а потоа и голема енергетска и економска криза, како и 2 ипол години на централна власт која немаше слух и еднаков третман за општините.

И покрај тоа успеавме да реализираме голем дел од проектите, кои беа дел од нашата програма и од потребите на Вас, граѓаните на Виница, со кои верувам дека ги подобривме условите за живот на граѓаните како во градот така и во населените места.

Затоа пак наредната година, со поддршка на новата централна власт, очекувајте рекорден број на проекти во историјата на Општина Виница.

Досега овие 3 години успеавме да реализиравме проекти буквално од сите области: од областа на сообраќајната и комунална инфраструктурата, водоводни и канализациони мрежи, животната средина, културата, спортот, образованието и детската заштита, урбанизмот, против пожарната заштита, како и поддршка на граѓани и невладини организации.

Во делот на сообраќајната инфраструктура реализирани се проекти за изградба, реконструкција и рехабилитација на 30 улици и локални патишта во Виница и населените места Блатец, Градец, Истибања и Трсино во должина од 12 км.

Извршено е поплочување на улици и тротоари во Виница и населените места Јакимово и Истибања на површина од 5000 м2.

Во предтендерска постапка е изградба и реконструкција на уште 5 улици во Виница и населените места Јакимово и Црн Камен.

Имаме склучено договор за изградба и реконструкција уште на десеттина улици во Виница и населените места Пекљани, Крушево, Блатец, Липец, Градец и Лески.

Се посветивме во подобрување на патната и сообраќајната инфраструктура, бидејќи со години наназад тоа беше запоставено, а ова особено важи за населените места.

Во делот на водоводната и канализационата мрежа реализирани се повеќе проекти и тоа:

Доградба на филтер станицата за вода во Виница,
Реконструкција на дел од водоводната мрежа во с. Блатец,
Изградба и реконструкција на водоводната мрежа на 9 улици во градот Виница,
Изградба на фекална канализација во с. Липец и на 4 улици во градот Виница.
Внимание како никогаш досега посветуваме и на животната средина за што се реализирани следните проекти:

Затворена е градската депонијата во с. Лески, како и дивите депонии во селата Истибања, Блатец и Виничка Кршла,
Извршивме набавка на специјализирано комунално возило за собирање отпад и машина за метење и одржување хигиена на јавни површини,
Исто така, инсталирани се фотоволтаични системи на административната зграда на Општина Виница.
Со поддршка од новата влада, во тендерска постапка се два капитални проекти и тоа:

регулација на речното корито на Градечка река во должина од 700 метри и
регулација на речното корито на Виничка река и партерно уредување на истата во должина од 750 метри.
Во делот на образованието и детската заштита, во континуитет се остварени вложувања за подобрување на условите за одвивање на наставата.

Отворена е сензорна соба за лицата со интелектуална и телесна попреченост во Виница

Извршена е реконструкција на објектите на сите основни училишта во Виница, Блатец и Драгобраште и подрачните училишта во Истибања и Липец, средното општинско училиште и детската градинка во 2 објекти во Виница и објектите во Истибања и Блатец.

Отворен е Мултимедијален центар и извршено е хортикултурно уредување и поставување на урбана опрема во ОУ „Славчо Стојменски“ Виница.

Уредени се детски забавни паркови и поставена урбана опрема во двата објекти на детската градинка во градот.

Бевме исклучително посветени на културната дејност и развојот на спортот и поддржавме низа важни манифестации и настани со што се поттикнува дружењето на младите.

Реконструирани и пуштени во употреба се 2 капитални проекти од областа на културата и тоа:

Старата киносала која 20 год. беше надвор од употреба, сега е комплетно реновирана и освен за проектирање на филмови ќе се користи и за многу други културни настани и

Сината сала во домот на културата Тошо Арсов во Виница е комплетно реновирана и доби сосема нов лик како култно место во кое се одржуваат културни настани од домашен и меѓународен карактер.

За поддршка на културата и културни настани беа издвоени над 6 милиони денари.

Изграден е современ кошаркарски терен и теретана на отворено.

Со над 8.000.000 денари беше поддржан спортот во Општина Виница со финансиска поддршка за спортските клубови и спортските настани кои се одржуваат во нашата општина.

Во делот на поддршката за млади, формиран е Локалниот младински совет.

Со засилено темпо како никогаш досега работевме и во областа на урбанизмот што е основа за идниот развој на Општината.

Донесени се неколку УП за изградба на капитални проекти а во завршна фаза е изработката на четири ДУП во Виница и УПС за четири села а во тек на изработка е УПВНМ за изградба на индустриска зона за мало стопанство со што ќе одговориме на барањата на потенцијалните домашни и странски инвеститори.

Во поглед на противпожарната заштита преземени се повеќе активности.

После подолг временски период успеавме да обезбедиме донација на 2 специјализирани против пожарни возила и опрема за пожарникарите, со што се комплетира возниот парк на ТППЕ Виница.

Финансиски и логистички е поддржано Доброволното противпожарно друштво од Виница.

За поддршка на НВО и социјално загрозени семејства одвоивме финансиски средства во износ од над 3.000.000 денари.

Во завршна фаза на изградба се два капитални проекти и тоа:

изградба на затворениот Градски пазар и
изградба на термоизолациона фасада на административната зграда на Општина Виница.
Од програмата за прекугранична соработка со Република Бугарија во предтендерска постапка е проектот за уредување на кејот на Градечка река во урбаниот дел на Виница во должина од 1 км.

Ова се само дел од многуте реализирани проекти во Општина Виница.

Почитувани,

Сето ова немаше да биде направено без нашата посветеност и работа, но и без довербата и соработката од страна на вас, граѓаните на Општина Виница.

Но, не застануваме тука. Со помош на средства обезбедени од буџетот на Општина Виница, како и од средствата од Владата на Република Македонија предвидени за нашата општина, во 2025 година продолжуваме да работиме со засилено темпо, за да создадеме подобри услови за живот и да ја направиме Виница пристојно место за живеење, заклучи Петков.

Најнови вести од Република

To top