Република локални избори 2025

Петар Ружински ја презеде градоначалничката функција во Општина Берово

Овој чин не е само промена на функцијата, туку продолжување на визијата за подобра и посовремена иднина за сите жители на нашата општина, рече Ружински.

Петар Ружински ја презеде градоначалничката функција во Општина Берово

Во просториите на Општина Берово денеска се одржа официјалното примопредавање на градоначалничката функција помеѓу досегашниот градоначалник Звонко Пекевски и новоизбраниот градоначалник Петар Ружински.

Пекевски и Ружински го истакнаа значењето на континуитетот, одговорноста и посветеноста во служба на граѓаните. Со потпишување на записниците за примопредавање, Ружински официјално ја презеде одговорноста за раководење со општината.

Пекевски му посака успешна работа на својот наследник и изрази благодарност за соработката со граѓаните и општинската администрација во изминатиот период.

Новиот градоначалник Петар Ружински, во своето обраќање, им се заблагодари на сограѓаните за довербата и нагласи дека со посветеност и транспарентност ќе ја води Општина Берово во наредните четири години.

-Овој чин не е само промена на функцијата, туку продолжување на визијата за подобра и посовремена иднина за сите жители на нашата општина, рече Ружински.

По примопредавањето, новиот градоначалник оствари кратка средба со вработените во општината, при што изрази благодарност за нивната досегашна работа и очекување за успешна соработка во периодот што следи.

To top