Република Општина Неготино

Општина Неготино обезбеди специјални контејнери за собирање на текстилен отпад

Тој истакна дека поставувањето на контејнерите за текстил е завршено и истите се поставени на пет локации во градот и тоа кај градскиот Музеј, пред Црвен крст, во населбата Саат-кула, пред 11- катницата и кај автобуската постојка на улицата „Маршал Тито“ кај Вет шоп.

Општина Неготино обезбеди специјални контејнери за собирање на текстилен отпад

Општина Неготино обезбеди специјални контејнери за собирање на текстилен отпад, информираше денеска неготинскиот градоначалник Горан Стојанов.

– Со цел за подобрување на условите и напредок во прибирањето и депонирањето на отпадот, Општина Неготино меѓу првите во Македонија презеде активности за справување со посебните текови на отпад, да ја подигне свеста на населението за реупотреба и селекција на отпад и да обезбеди поголема достапност за граѓаните за депонирање на текстилен отпад. За таа цел, Општина Неготино во соработка со компанијата Еко-текс груп од Скопје, обезбеди специјализирани контејнери за собирање на текстилен отпад во кои граѓаните ќе можат се она што не им е потребно од текстил, да го депонираат во овие контејнери кои се доделени на ЈП Комуналец, соопшти Стојанов.

Тој истакна дека поставувањето на контејнерите за текстил е завршено и истите се поставени на пет локации во градот и тоа кај градскиот Музеј, пред Црвен крст, во населбата Саат-кула, пред 11- катницата и кај автобуската постојка на улицата „Маршал Тито“ кај Вет шоп.

Најнови вести од Република

To top