Триесет дрвени прагови изгореле во вчерашниот пожар во близина на железничката станица Куманово на делницата Табановце-Скопје, соопштија денеска од ЈП ЖРСМ Инфраструктура.
Железничкиот товарен сообраќај не бил во прекин, потврдија од претпријатието. Пожарот бил во близина на станицата ама не го отежнувал сообраќајот.
– Територијалната противпожарна единица Куманово го изгасила пожарот. Дежурни екипи цела ноќ беа на местото на настанот, бидејќи праговите имаат специјален состав и тешко се гасат. Станува збор за полновни прагови, соопштија од претпријатието.
И од регионалниот центар за управување со кризи Куманово објавија информација дека вчера противпожарна екипа од ТППЕ Куманово интервенирала на гасење пожар на железничка станица во Куманово.
– Втората интервенција е на запалени 30 дрвени прагови од пруги, интервенирано е д 19:30 до 20:30часот со едно противпожарно возило и четворица пожарникари, соопштија од РЦУК Куманово.
Пред неколку години, исто така гореа стари дрвени прагови. Црниот густ чад се гледаше од повеќе локации од Куманово и блиските населени места од соседна Србија.