Република ТППЕ Старо Нагоричане

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

танува збор за поголема површина, во пожарот беа зафатени сува трева, ниско-стеблеста шума-изјави командирот на ТППЕ, Далибор Трајковски.

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Сува трева и ниска деградирана шума гореле на површина од 20-тина хектари во село Макреш, општина Старо Нагоричане, соопштија денеска од територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане.

-Пожарот кај нас беше пријавен во 19 часот и успеваме да го изгасиме нешто после 23 часот. Станува збор за поголема површина, во пожарот беа зафатени сува трева, ниско-стеблеста шума-изјави командирот на ТППЕ, Далибор Трајковски.

🚨20.03.2026година во 19:00часот с.Макреш-сува трева,нискостеблеста шума
Интервенирано беше со едно ПП возило и 3 пожарникари до 23:40часот.

Posted by ТППЕ Старо Нагоричане on Friday, March 20, 2026

Неодамна, полицијата уапси жител на оваа општина кој се сомничи дека запалил стрниште, по што предизвикал пожар во туѓ имот. Најголем од пожарите во оваа општина, изминативе години биле на отворен простор, покажуваат податоците на ТППЕ Старо Нагоричане. (МИА)

To top