Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Росоман преку статус на Фејсбук пишуваат дека им е јасно зошто пратеничката Колева редовно доаѓала на терен да агатира помеѓу жителите на Росоман.
Имено тоа било така бидејќи преку нејзиниот сопруг се испумпувале финансиски средства од општината Росоман.
„Почитувани сограѓани, изминатиот период видовме како пратеничката Колева од Кавадарци редовно доаѓа на терен да агитира помеѓу жителите на општина Росоман.
Долго време се запрашуваме која е нејзината заентересираност за тоа , за на крај да дојдеме до одговорот и начинот како преку нејзиниот сопруг се испумпувале финансиски средства од општина Росоман.
Која е потребата на општина Росоман за плаќање на огромни финансиски средства кон адвокат ?
На кој начин е избран за адвокат Бранко Колев ?
Дали има јавна набавка за адвокатски услуги ?“, прашуваат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Росоман.