Република Советот на Општина Берово

Младите брачни парови до 35 години во Берово се ослободуваат од надоместок за изградба на станбени објекти

Со оваа мерка се овозможува бесплатно уредено градежно земјиште, за сите млади, заинтересирани, кои планираат изградба на сопствен дом на територијата на Берово.

Младите брачни парови до 35 години во Берово се ослободуваат од надоместок за изградба на станбени објекти

Во духот на поддршка на младите семејства и сите што сакаат да го изберат Берово како свој дом, Советот на Општина Берово, донесе одлука за ослободување од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште, за изградба на индивидуални куќи, за млади брачни другари, до 35 годишна возраст.

Со оваа мерка се овозможува бесплатно уредено градежно земјиште, за сите млади, заинтересирани, кои планираат изградба на сопствен дом на територијата на Берово.

Целта на мерката, е стимулирање и поддршка на младите во обезбедување сопствен дом, ослободување од високи трошоци за уредување на градежно земјиште, како и поттик за младите семејства.

Ова не е само економска мерка – ова е порака, дека Берово е град, кој сака да ги задржи своите луѓе, град кој гради иднина.

Со оваа мерка, Берово се позиционира како високо прогресивна општина, кога станува збор за создавање услови за достоинствен живот на сопствен имот.

To top