Република ДПД „Пехчево“

Локализиран пожарот во пехчевско Негрево

-Пожарот беше во пределот на село Негрево, каде изгоре поголема површина сува трева и нискостеблеста шума, истакнаа од ДПД „Пехчево“.

Локализиран пожарот во пехчевско Негрево

Пожарот што попладнево избувна во атарот на пехчевското село Негрево, е локализиран. Во акцијата за гаснење на пожарот учествувааа доборволци од пехчевското противпожарно друштво, од каде информираа дека во пожарот зафатена е нискостеблеста шума и сува трева.

-Покрај екипа на Доброволното противпожарно друштво Пехчево во гаснењето учествуваше и екипа на ПШС „Равна Река“ Пехчево. Пожарот беше во пределот на село Негрево, каде изгоре поголема површина сува трева и нискостеблеста шума, истакнаа од ДПД „Пехчево“.

Апелираа на поголема одговорност на населението, со напомена да не се пали оган на отворено.

-Упативаме на поголема одговорност на граѓаните, да не палат оган на отворено, бидејќи лесно може да ни се повтори ситуацијата од пред неколку години, додадоа од ДПД „Пехчево“.

To top