Република локални избори 2025

Коњановски најавува уредување на реката Драгор, спој на традиција и модерност

Кандидатот за градоначалник на Битола од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Коњановски, најави дека во следниот мандат е планирано целосно уредување на коритото на реката Драгор, која ја нарекува „симбол на љубовта кон Битола, кон нејзината историја и иднина“.

Проектот предвидува реконструкција на мостовите, изградба на нови пешачки патеки и поставување на современо, енергетски ефикасно осветлување. Според Коњановски, целта е да се создаде простор кој ќе ги поврзе жителите, ќе ја зајакне функционалноста на градот и ќе обезбеди побезбедно движење, како преку ден, така и во текот на ноќта.

-Сега е време Драгор да добие ново лице и да биде доказ дека традицијата и современите решенија можат да одат рака под рака, посочи Коњановски.

To top