Кандидатот за градоначалник на Општина Пехчево од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Китански на денешниот митинг истакна дека народот секогаш знаел да направи разлика меѓу празни зборови и вистински дела.
-Тука сум да работам, да го продолжам она што е започнато и што е добро, а да го подобриме она што не е. Верувам дека општината не се гради само со асфалт, туку се градисо почит, добрина и човечност, истакна Китански.
Тој посочи дека на наредните четири години има јасна визија и програма која доаѓа од потребите на граѓани.
Најави инвестиции во локални водоводи, улици каде тоа е потребно.
-Поддршка на земјоделството и сточарството затоа што тоа е срцето на нашиот град. Унапредување на образованието и здравството и здравствените услуги. Во областа на туризмот ќе го промовираме Пехчево како бисер на Малешевијата. Поддршка на младите и развој на спортот, но и на културни настани, потенцираше Китански.