Градоначалник на општина Кичево, д-р Александар Јовановски денеска потпиша решенија за доделување еднократна финансиска поддршка на учениците за учебната 2024/2025 година.
Со оваа мерка, Општина Кичево обезбедува средства за учениците од општинските и средните училишта кои учествуваат на натпревари на државно ниво, со цел да се поттикне нивниот труд, талент и постигнувања. Поддршката е доказ за заложбата на Општината да инвестира во младите и нивниот успех, како и да создаде услови за развој на образованието и афирмација на учениците на национално ниво, објави тој.
Исто така, преку Општина Кичево ја информираме јавноста за постапката за начинот на исплатата на средствата за избирачките одбори кои ги реализираа локалните избори 2025та година, додадва Јовановски во објавата.
Од буџетот на Општината исплатени се 50 проценти од вкупната сума согласно законската обврска и за истото се информирани претседателите на избирачките одбори. Остатокот од 50 проценти од средствата се интегрирани во Предлог Буџетот на Општина Кичево за 2026та година кој е веќе испратен до советниците во Советот на Општина Кичево и кој треба да биде изгласан пред крајот на оваа календарска година, нотира Јовановски.
Во текот на првиот квартал од следната година ќе биде исплатен остатокот на членовите на избирачките одбори, соопшти градоначалникот на општина Кичево.
Јовановски потенцира дека во рамки на денешниот ден остварив средба и со Здружението на Македонците од Албанија во Македонија – „Зошто“.
На средбата беше потпишан Меморандум за соработка, со кој се поставуваат темели за заеднички активности и иницијативи насочени кон унапредување на културната размена, образовната поддршка и зајакнување на традицијата на македонскиот јазичен, културен и национален идентитет, додаде тој.
Денеска потпишав решенија за доделување еднократна финансиска поддршка на учениците за учебната 2024/2025 година.
Со…
Posted by Д-р Александар Јовановски on Понеделник, 15 декември 2025