Република традиционална

Изложба „Самоуки 2025“ во Куманово

Искуствата низ годините покажаа дека изложбата, покрај квалитетот и естетското ниво е и масовно посетена, додава Цветковски.

Изложба „Самоуки 2025“ во Куманово

Во изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ верчер во 20 часот ќе биде отворена традиционалната ликовна изложба „Самоуки 2025“, информираа денеска од установата. На изложбата ќе бидат претставени околу 40-тина дела во форма на слики, цртежи и скулптури изработени од 17 автори.

-Целта и идејата на оваа изложба е претставување на кумановските неакадемски уметници пред пошироката јавност, но, и развивање на афинитети кон визуелните уметности, едукација и презентација на запоставеното творештво коешто претставува локално богатство и заслужува да биде споделено со ликовната публика, изјави Роберт Цветковски, историчар на уметноста.

Потребата за традиционално организирање на ваков вид на изложби од страна на НУ Центар за култура – Куманово било утврдено на почетокот на деведесеттите од минатиот век, а дошло како резултат на иницијатива на кумановци – неакадемски уметници коишто имале сериозна ликовна продукција.

-Искуствата низ годините покажаа дека изложбата, покрај квалитетот и естетското ниво е и масовно посетена, додава Цветковски.

Изложбата ќе биде поставена до 26 јуни годинава, а проектот е поддржан од страна на Министерство за култура и туризам.

To top