Република

Изгаснат пожарот над пехчевското село Негрево

Изгаснат пожарот над пехчевското село Негрево

Изгаснат е пожарот над пехчевското село село Негрево, каде вчера попладне гореше борова шума.

Во гаснењето беа вклучени Доброволното противпожарно друштво од Пехчево, Територијалната противпожарна единица од Берово, месното локално население и вработените во ПШС „Равна Река” -Пехчево.

Учесниците во акцијата за гаснење на пожарот апелираа до сите граѓани од Малешевијата и околината, совесно да се однесуваат, бидејки при високи температури може да настане пожар од големи размери.

To top