Во општина Брвеница се реализирани над 100 проекти, рече на денешната прес-конференција Јовица Илиевски, градоначалник на општина Брвеница.
Во овој мандат успеавме да ја направиме општина Брвеница најтранспарентна општина во Полошкиот регион и меѓу најдобрите во државата. Во овој период успеавме да ги реновираме скоро сите училишта во општината. Водоводната мрежа ја зголемивме за над 6000 метри, канализационата мрежа за 9000 метри со сопствени средства и со помош на Јавното претпријатие. Во Брвеница е во функција нов бунар за вода, што го решивме проблемот за Брвеница и Седларце со водоснабдувањето. Поставена е нова урбана опрема во сите населени места, нови терени со вештачка трева, детски игралишта и автобуски постојки. Во делот на патната инфраструктура до крајот на мандатот ќе бидеме меѓу ретките општини што во целост ќе ја комплетираат патната инфраструктура, истакна Илиевски.
Ги помагаме спортските клубови во општината. Во тек се уште неколку проекти, за кратко време ќе започнеме со изградба на спортска сала во вредност од 800.000 евра и детска градинка, со што ќе се реши проблемот за сместување на децата во детските градинки, додаде Илиевски.