Република основи на портретна фотографија

ФОТО: Работилници за фотографија со лица од трето доба

Активностите придонесуваат за поголема видливост, културно изразување и меѓусебно поврзување на лицата од трето доба.

ФОТО: Работилници за фотографија со лица од трето доба

Во Дневниот центар за активно стареење при ООЦК Крива Паланка успешно беа реализирани две едукативни работилници на кои околу 30-тина учесници се запознаа со основите на фотографијата, портретирањето и визуелното раскажување.

Работилниците насловени „Достоинствена старост низ фотографии што раскажуваат“, ги водеше ментор – професионален фотограф Ѓорѓи Костовски.

РАБОТИЛНИЦИ ЗА ФОТОГРАФИЈА СО ЛИЦАТА ОД ТРЕТО ДОБА

✨ Во Дневниот центар за активно стареење при ООЦК Крива Паланка…

Posted by Центар За Аудиовизуелни Уметности on Tuesday, August 26, 2025

Лицата од трето доба активно учествуваа во практичната работа и беа многу заинтересирани за стекнување на оваа вештина со која за првпат се среќаваат. Како краен резултат ќе се изработат уникатни фото-профили и тематски фотографии, што ќе бидат претставени на изложба отворена за сите граѓани, медиуми и локални институции, истакнаа од Дневниот центар за активно стареење при ООЦК Крива Паланка.

Активностите придонесуваат за поголема видливост, културно изразување и меѓусебно поврзување на лицата од трето доба.

Настанот е во организација на Центарот за аудиовизуелни уметности Крива Паланка, како дел од проектот „Здружени за активно граѓанство“ што го реализира НВО Инфоцентар, со поддршка на Европската Унија.

Најнови вести од Република

To top