Република

Димовски: 200 ученици помалку во второто полугодие во Гостивар, СДС носи порази и осиромашување

Димовски: 200 ученици помалку во второто полугодие во Гостивар, СДС носи порази и осиромашување

Во последните неколку години во Македонија се случува масовно иселување. Иселувањето за жал не го изостави и Гостивар, каде што согласно официјалните податоци, само во второто полугодие на оваа учебна година, бројката на ученици во училиштата на територија на Општина Гостивар е намалена за околу 200 деца, а главната причина за отпишување на децата е заминувањето во странство, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна Гоце Димовски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар.

„Согласно официјалните податоци, дури 600.000 сограѓани во Македонија живеат со под 150 денари на ден, додека пак 80.000 од нив живеат во апсолутна сиромаштија со по 80 денари на ден. Тоа значи дека овие луѓе имаат потешкотии да ги обезбедат и основните потреби за живот, како што е храната и лековите. Неможноста да обезбедат основни потреби за своите семејства, граѓаните спасот го бараат исклучиво надвор од Македонија. За жал ова се последиците од животот за сите, кој го ветуваше СДС. Наместо живот за сите, како што ветуваа, денес во Македонија имаме општа сиромаштија, нефункционални институции и распространета корупција“, вели Димовски.

Тој додава дека Македонија со СДС на власт само осиромашува и се празни. Во Македонија никогаш не се живеело полошо, затоа важно е да ги поразиме!

Најнови вести од Република

To top