Без вода во моментов е висока зона во Неготино.
Од Јавното претпријатие „Комуналец“ – Неготино соопштија дека поради санирање на дефект во водомерна шахта под резервоарот за висока зона, во прекин е вододнабдувањето за потрошувачите кои се снабдуваат од висока зона.
– Водата ќе биде пуштена веднаш по санирањето на дефектот, информираа од претпријатието.