Околу 8 часот утринава со воздушна пушка во Белград е застрелано 15-годишно девојче кај Калемегдан.
Девојчето било застрелано во бутот кога одело на училиште.
Како што пишуваат медиумите во Србија, девојчето тргнало на училиште, а во првиот момент откако било рането помислила дека ја удрила топка во ногата. Неколку секунди подоцна забележала крв.
Девојчето е пренесено во Институтот за мајка и дете и во моментов чека операција.
Инцидентот бил пријавен во полиција нешто по 8 часот, а истрагата е во тек.