Регион сопственост на Наташа Томаниќ

Запалени два локали на потпретседателката на општина Звечане во северно Косово

Според извештајот на косовската полиција, Томаниќ изјавила дека се сомнева оти пожарот бил подметнат намерно, но сторителите не ѝ се познати. Таа ѝ рекла на полицијата дека вредноста на нанесената штета е голема.

Запалени два локали на потпретседателката на општина Звечане во северно Косово

Синоќа, околу еден часот по полноќ, непознати сторители запалиле два локали, споени во еден бутик, во Звечане во северно Косово, кој е во сопственост на Наташа Томаниќ, потпретседателка на таа општина населена со мнозинско српско население, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според извештајот на косовската полиција, Томаниќ изјавила дека се сомнева оти пожарот бил подметнат намерно, но сторителите не ѝ се познати. Таа ѝ рекла на полицијата дека вредноста на нанесената штета е голема.

– Пријавителката, косовска државјанка, информира дека непознати лица го запалиле нејзиниот бутик, додека пожарникарите го изгаснале огнот. Во врска со случајот, пријавителката се сомнева дека пожарот бил намерно подметнат. Според неа, вредноста на штетата е висока. Се работи на расчистување на случајот, се вели во полицискиот извештај.

Во врска случајот се огласи и заменик-министерот за локална самоуправа, Арбер Вокри, кој рече дека ова е обид „да се исплашат Србите ослободени од канџите на терористите на Српската листа“.

– Бандитите ѝ ги запалија двата локали на потпретседателката на општина Звечан, г-ѓа Наташа Томаниќ во залудниот обид да се исплашат Србите ослободени од канџите на терористите на Српската листа. Ова се случи еден месец по незаконското блокирање на бизнисот на семејството на потпретседателката на Северна Митровица, г-ѓа. Катарина Агјанчиќ од режимот на (претседателот на Србија, Александар) Вучиќ и два месеци по запалувањето на автомобилот на претседавачот на општинското собрание во Лепосавиќ, г. Горски Буриќ, напиша Вокри на Фејсбук.

Според него, тоа се случува „секогаш кога меѓународниците бараат од Република Косово да се откаже од својот суверенитет“.

-Терористите и бандитите се чувствуваат охрабрени секогаш кога меѓународниците бараат од Република Косово да се откаже од суверенитетот и од спроведувањето на законот, напиша Вокри.

Томаниќ, како и Агјанчиќ и Буриќ, кои ги спомна заменик министерот Вокри, беа избрани на нивните општински функции по минатогодишните локални избори, кои Српската листа, најголемата партија на косовските Срби, ги бојкотира и на кои во четирите општини во северно од Косово, населено со мнозинство Срби, со едноцифрен процент на гласови победија кандидатите на албанските партии. Влегувањето на новите градоначалници со асистенција на полицијата во општинските згради во Северна Митровица, Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток во мај минатата година предизвика протести на тамошните Срби, при што дојде и до судири меѓу демонстрантите и припадниците на КФОР.

To top