Регион детали

ВИДЕО: Познати причините зошто се поплави сплавот во Смедерево

Сплавот, кој беше свечено отворен синоќа, потона нешто по полноќ.

ВИДЕО: Познати причините зошто се поплави сплавот во Смедерево

Сплавот, кој беше свечено отворен синоќа, потона нешто по полноќ.

На социјалните мрежи се појавија снимки од гостите како трчајќи пробуваат да се спасат, а како што дознава српски Блиц, се сомнева дека синоќа пропаднала еднаа страна од мостовите која била од страната свртена кон брегот, поради што сплавот се навалил.

Српска „Република“ вчера напиша: Mинатата година овој сплав гореше, а синоќа требаше официјално да биде отворен по повеќе од една година „пауза“.

За среќа нема повредени.

– Водата наеднаш почна да навлегува и тој почна да тоне. Немаше паника. Секоја чест за сите, бидејќи беа скромни и полека излегоа – изјави за Република Никола Милуновиќ, кој беше на сплавот во моментот кога потона.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

– Сите сме мокри! Неколку пати се враќав внатре за да извадам што е можно повеќе работи кои беа оставени, сакав да им помогнам на сите колку што можам – додаде тој и нагласи дека во оваа прилика нема повредени.

Во средината на август минатата година истиот сплав изгоре од непозната причина.

– Пожарот бил пријавен околу 4 часот наутро, а на лице место веднаш излегле противпожарни единици. Во гаснењето учествувале девет пожарникари, три возила, а пожарот успеале да го локализираат за 15 минути. Целосната акција на гаснење траела утрово до 9 часот и 20 минути – информираат од Секторот за вонредни состојби на МВР на Србија.

Во моментот на пожарот во зградата немало луѓе, па избегната е трагедија, но причинета е голема материјална штета.

Поради големата сличност, луѓето синоќешната ситуација ја споредуваат со новогодишната ноќ на сплавот „Фристајлер“ во Белград.

To top