Регион грција

ВИДЕО: Голем пожар на грчкиот остров Тасос, луѓе во паника бегаат

На грчкиот остров Тасос, во областа Гликада во близина на Лименас, синоќа околу 23 часот избувна огромен пожар.

ВИДЕО: Голем пожар на грчкиот остров Тасос, луѓе во паника бегаат

На грчкиот остров Тасос, во областа Гликада во близина на Лименас, синоќа околу 23 часот избувна огромен пожар.

На ова место гори повеќе од шест часа. Погодени се областите на Пахи и Рахони.

Пожарот избувнал синоќа недалеку од пристаништето во Лименас, се проширил брзо и е видлив дури и од Кавала, јавува грчкиот информативен сервис.

Пожарот зафатил голема шумска површина покриена претежно со борови дрвја, по кои е познат Тасос , и набрзо почнал да се шири кон запад, објавува Кавала Њуз.

Според грчките медиуми, изгореле многу маслинови дрвја и кошници со пчели.

Засега станбените единици и куќите не се загрозени. Исклучок беше хотел во областа Пачи кој беше евакуиран.

Туристи во паника бегале од островот и предвреме го завршиле својот одмор. Првиот траект рано наутро од Лименас кон Керамоти исплови натоверен цел со патници. Патот од Пахис до Лименас е затворен.

Поради огромниот пожар на Тасос, се огласи и градоначалникот Лефтерис Киријакидес, повикувајќи ги луѓето да не паничат.

„Ве молам престанете со публикации што шират паника. Тие создаваат паника кај жителите и посетителите без никаков значаен резултат. Целиот Тасос е обединет на првата линија на битката. Потребна е мирна и координирана акција“, напиша тој на својот Фејсбук профил.

To top