Регион Нов Белград

Тројца повредени во судар на трамваи во Нов Белград

Меѓу повредените се две постари лица и едно дете.

Тројца повредени во судар на трамваи во Нов Белград

Три лица се повредени во судар на два трамваи што се случи денеска во Нов Белград, јавија српските медиуми.

Трамвај на линијата 9 удри во трамвај на линијата 7 на постојката кај раскрсницата на улиците „Јуриј Гагарин“ и „Душан Вукасовиќ“.

Меѓу повредените се две постари лица и едно дете.

Тие со Итна помош се пренесени во Клиничко-болничкиот центар Земун.

To top