Откако веста за убиството на Данка Илиќ (2) ја зафати цела Србија , нејзините сограѓани излегоа на улиците на Бор и на посебен начин се простија од девојчето.
Граѓаните на Бор положија цвеќе и запалија свеќи за трагично загинатата Данка Илиќ на платото на Центарот за култура“, се вели во објавата на која се гледа букет бели лилјани со запалени свеќи кои се потпираат под нив.
Потсетуваме, Данка Илиќ исчезна на 26 март околу 13 часот и 45 минути во Бањско поле кај Бор.
Кога исчезнала била со мајка и и брат и оттогаш и се губи секаква трага.
Поради нејзиното исчезнување, за прв пат во Србија е активиран системот „Најди ме“.
За време на повеќедневната потрага, која беше главна тема на српските и регионалните медиуми, насоката на истрагата излезе и надвор од границите на Србија.
За исчезнатата девојка од Бор имало и жолта потерница од Интерпол .
На десеттиот ден од потрагата беше објавено дека се уапсени убијците на малото девојче .
Откако оваа информација излезе во јавноста, министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ одржа прес-конференција на која ги презентираше деталите од истрагата почнувајќи од кобниот ден.