Врховниот суд на Србија одлучи да го премести судењето на Урош Блажиќ, обвинет за масакрот во селата Мало Орашје и Дубона, од Вишиот суд во Смедерево во судница во Окружниот затвор во Белград.
Одлучено е подготвителното рочиште и главниот претрес за случајот на Вишиот суд во Смедерево да се одржат надвор од просторот на Вишиот суд во Смедерево, во судницата на Вишиот суд во Белград, во Окружниот затвор, јавија белградските медиуми.
Подготвителното рочиште за тој случај беше прекинато на 23 мај кога членови на семејствата на убиените бурно реагираа кога во судницата влегоа Блажиќ и неговиот татко Радиша Блажиќ.