Регион СРБИЈА

Шокантни се новите информации: Откриено е што пребарувала мајката на исчезнатата Данка на интернет, нова дамка во случајот кој го вознемири Балканот

-Полицијата со преглед на камерите утврдила дека на граничниот премин поминале најмалку два автомобили и дека во нив имало лица кои личат на жените од видеото од Виена.

Шокантни се новите информации: Откриено е што пребарувала мајката на исчезнатата Данка на интернет, нова дамка во случајот кој го вознемири Балканот

Преку деноноќно оперативно работење и увид на камери од граничниот премин Кладово – Турну-Северин, српската полиција дошла до недвосмислен заклучок дека граничниот премин меѓу Романија и Србија го поминале две жени кои личат на лицата од видео кое е направено во Виена и во кое девојчето потсетува на исчезнатата Данка Илиќ (2).

-Полицијата со преглед на камерите утврдила дека на граничниот премин поминале најмалку два автомобили и дека во нив имало лица кои личат на жените од видеото од Виена.

-Дали во едно од тие возила било скриено девојче за кое се претпоставува дека е малата Данка? Се ќе се утврди, ќе се открие целата вистина за исчезнувањето на Данка Илиќ, дознава Информер.

По прегледот на телефонот на мајката на исчезнатата Данка Илиќ пак, откриено е дека таа го гуглала граничниот премин меѓу Србија и Романија непосредно пред исчезнувањето на детето.

-Однесувањето на мајката и она што го барала во компјутерот и телефонот непосредно пред исчезнувањето е многу чудно. Го гуглала граничниот премин Кладово – Турну-Северин – откри главниот уредник на Информер Драган Ј. Вучиќевиќ.

Исто така мајката на детето ја прогуглала кривичната одговорност колку изнесува за одредени кривични дела.

Главниот уредник на Информер презентираше уште една ексклузивна информација.

-Сите треба да знаеме дека полицијата прави се за да биде пронајдена малата Данка. Две-три недели пред нејзиното исчезнување, родителите ја однеле на специјалистички преглед во Белград. За каков преглед се работи и за што точно се работи, сега не можам да кажам поради истрагата, изјави Вучиќевиќ.

To top