Во Вишиот суд во Белград заврши рочиштето, прво во повтореното судење на Зоран Марјановиќ, обвинет за убиство на сопругата.
Марјановиќ одлучил да не одговара на ничии прашања, па ни на одбраната, затоа што неколку пати детално се објаснил.
Тој остана на сите претходни изјави.
Обвинителот го праша дали ќе продолжи да се брани со молчење, на што неговиот адвокат рече дека Зоран не се брани со молчење, туку неодговарајќи на прашањето. Следното рочиште е закажано за 19 април кога ќе бидат повикани сведоци.
Зоран Марјановиќ е обвинет дека на 2 април 2016 година ја убил сопругата, пејачка Јелена Марјановиќ.