Регион Димитрис Пападимулис

Шефот на еврогрупата на СИРИЗА си поднесе оставка и заминува од партијата

Од 2014 година, Пападимулис е шеф на еврогрупата на СИРИЗА, позиција од која сега си поднесе оставка. 

Шефот на еврогрупата на СИРИЗА си поднесе оставка и заминува од партијата

Од политички, а не лични причини, како што самиот објаснува, шефот на еврогрупата на СИРИЗА, европратеникот Димитрис Пападимулис заминува од партијата и паралелно си поднесе оставка од актуелната позиција, јави дописничката на МИА од Атина.

Преку писмо до лидерот на СИРИЗА Стефанос Каселакис, секретарката на партијата и нејзиниот заменик, Пападимулис објаснува дека ќе продолжи да биде европратеник до крајот на мандатот и ќе продолжи да ја извршува функцијата потпретседател на Европскиот Парламент, но ја напушта партијата.

-Со ова писмо сакам да ве информирам за мојата одлука повеќе да не бидам член на СИРИЗА. Не беше воопшто лесна одлука. Ја донесов по долго размислување, со чувство на одговорност, жал, но и агонија за иднината на модерната европска левица во нашата земја, пишува Пападимулис.

Европратеникот на пролет ќе го заврши неговиот трет и како што самиот вели, последен мандат во ЕП, а дотогаш ќе продолжи „доследно да ѝ служи на програмата со која беше избран“.

Од 2014 година, Пападимулис е шеф на еврогрупата на СИРИЗА, позиција од која сега си поднесе оставка.

Заминувањето на европратеникот од СИРИЗА доаѓа само неколку часа откако фракција од девет пратеници ја напушти партијата.  (МИА)

Најнови вести од Регион

To top