Нина Кобиљски, мајката на убиеното девојче Ема во трагедијата што се случи на 3-ти мај во ОУ „Владислав Рибникар“, за која е осомничен ученикот Коста Кецмановиќ, денеска пред судењето кажа емотивни зборови.
Имено, на родителите на другите деца кои беа околу неа, таа со плачлив глас им рече:
„Јас го научив моето дете да се дружи, додека некој друг го однесе неговото дете на стрелиште и го научи да пука во глава! И тогаш тој вели дека не е виновен!”
Во Вишиот суд во Белград денеска продолжува судењето на Миљана и Владимир, родителите на Коста Кецмановиќ, кој уби девет ученици и член на обезбедување во основното училиште „Владислав Рибникар“. Судењето до крај е затворенон за јавноста, со судска одлука.
На рочиштето и Миљана и Владимир се изјаснија за невини и не прифатија ниту една точка од обвинението.
Таткото меѓу другото рече дека не се чувствува виновен бидејќи направил прекршок, а не кривично дело.