Хакери кои неодамна го оневозможија онлајн системот на Електростопанство на Србија (ЕПС), а потоа бараа еден вид „откуп“ за да им ги вратат сите податоци на сопствениците, денеска објавија повеќе од 34 гигабајти кориснички податоци на интернет и го овозможија тоа да ги преземете преку блогот Qilin, на мрежата Onion, јави Бета.
Најавено е дека вториот дел од базата на ЕПС ќе биде објавен в понеделник на 22 јануари.
Линкот што води до можност за преземање на досега објавените податоци може да се најде на социјални мрежи, јави Бета.