Четворица припадници на косовската полиција „се приведени во средата при контрола на административниот премин, а еден од нив е задржан“, соопшти денеска српското Министерство за внатрешни работи.
Во соопштението се истакнува дека помеѓу приведените е и заменик-директор на косовската полиција, кој е задржан.
-Тие се приведени при контрола на премините, поради безбедносни проверки, прецизира српското МВР.