Регион Голгота

Потрагата по телото на Данка продолжува: Се пребарува во уште едно село, се проверуваат сите шахти и акумулации

Полицијата рано утринава пристигна во Сумраковац, првото село кај Злот, од каде потекнува осомничениот Дејан Драгијевиќ.

Потрагата по телото на Данка продолжува: Се пребарува во уште едно село, се проверуваат сите шахти и акумулации

Телото на Данка Илиќ (2) уште не е пронајдено. Девојчето било убиено на 26-ти март, а злосторството било откриено на 4-ти април годинава, кога биле уапсени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ, работници на ЈКП „Водовод“ од Бор.

Двајцата осомничени го признале убиството во полиција, но само Дејан ја изнел својата одбрана во обвинителството и објаснил како се случило. Сепак, тој одби да открие каде е телото.

Од тој ден полицијата континуирано ги пребарува селата кај Бор.

Полицијата рано утринава пристигна во Сумраковац, првото село кај Злот, од каде потекнува осомничениот Дејан Драгијевиќ.

Според надлежните од полицијата, потрагата по детето нема да престане додека не го најдат.

-Потсетуваме дека интензивно се проверуваат сите шахти и акумулации, активни и неактивни, како и природните и вештачките системи за наводнување. Причина за оваа проверка е фактот што осомничените за убиство Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ претходно работеле во ЈКП „Водовод“ и добро ги познаваат овие системи поради природата на нивната работа, пишува Блиц.

To top