Децата кои го посетуваат основното училиште „Владислав Рибникар“ денеска се пратени дома, бидејќи во ранецот на едно од децата најверојатно бил пронајден нож, јави Н1.
Во пораката на Вибер, испратена до родителите, било наведено дека подоцна ќе добијат детални информации за се, а родителите добиле порака дека нема да продолжи наставата до крајот на денот.
Во исто време, на социјалните мрежи се појави информација дека кај ученик, наводно, од 8-мо одделение бил пронајден нож. Како што потврди еден од родителите на Н1, тие информации се вистинити. Според извештаите, ножот бил пронајден во ранецот.
На прашањето на Н1 како ножот влегол во училницата, покрај обезбедувањето, родителот рекол дека „ обезбедувањето е никакво“.
Пред училиштето се распоредени полициски сили поради дојава дека ученик донел нож во училиштето.
Од Министерството за внатрешни работи на Србија информираат дека денеска околу 10:35 часот училишниот полицаец пријавил дека ученик од осмо одделение во ранецот има нож.
-Ученикот е пронајден и однесен кај директорот. За пронјдениот нож во неговиот ранец, ученикот рекол дека не е негов. Никој не е повреден, ниту ученикот на некого му се заканувал. Сите ученици во „Владислав Рибникар“ се безбедни, информираат од српската полиција.
Лани, на 3 мај во тоа училиште беше извршено масовно убиство кога 13-годишно момче уби девет ученици и чувар.