Регион Грција

Почина поранешниот солунски митрополит Антимос кој често ја критикуваше Македонија

Роден како Дионисиос Русас, во периодот од 1974 до 2004 беше митрополит на Александруполи, веднаш потоа и солунски митрополит, речиси 20 години, сè до неговата оставка пред седум месеци, а двапати беше кандидат за архиепископ на Грција.

Почина поранешниот солунски митрополит Антимос кој често ја критикуваше Македонија

На 91-годишна возраст почина солунскиот митрополит Антимос кој во август минатата година од здравствени причини си поднесе оставка, а во периодот додека беше поглавар на Митрополијата во Солун доста често на неговите неделни литургии ја споменуваше и нашата земја, јави дописничката на МИА од Атина.

Роден како Дионисиос Русас, во периодот од 1974 до 2004 беше митрополит на Александруполи, веднаш потоа и солунски митрополит, речиси 20 години, сè до неговата оставка пред седум месеци, а двапати беше кандидат за архиепископ на Грција.

Митрополитот Антимос, за време на неговите неделни литургии имаше обичај да ги коментира политичките случувања во Грција, а често се осврнуваше и на односите со нашата земја, како за време на преговорите за името, така и по потпишувањето на Договорот од Преспа.

Доста често упатуваше остри критики и обвинувања до земјава и беше силен поддржуваш на грчката позиција дека „Македонија е една и грчка“.  (МИА)

To top