Мајката на малата Данка, Ивана Илиќ, зборуваше по сослушувањето на Срѓан Јанковиќ (50), осомничениот за убиството на Данка Илиќ (2), во Вишиот суд во Зајечар.
Околу 13 часот, по три часа, заврши сослушувањето на Срѓан Јанковиќ, еден од осомничените за убиството на Данка Илиќ (2). Тој бил изнесен од зградата на Вишото јавно обвинителство во Зајечар, а како што дознава „Блиц“ го негирал извршувањето на делото за кое се товари и рекол дека не учествувал во убиството на девојчето.
Откако дозна дека Јанковиќ се бранел велејќи дека не направил ништо, мајката на малата Данка, Ивана Илиќ, проговори за Информер:
-Сега сум изненадена, не знам што да кажам! Тогаш кој беше вториот во автомобилот? Видов двајца луѓе во автомобилот на ридот. Ништо не ми е јасно…ако ништо не направил како што вели, зошто молчел два месеци? Под голем стрес сум, изјавила Ивана за Информер.
Неговиот адвокат Живадин Богдановиќ по рочиштето изјави дека нема да дава никакви изјави за тоа.
– Не давам никакви изјави, ве молам разберете него и мене. Тоа што сега дава исказ откако молчеше е негово законско право, а што понатаму ќе одлучи обвинителот, рече адвокатот.
Да потсетиме, Срѓан Јанковиќ се бранеше со молчење по апсењето, односно го искористи законското право да не се брани, додека другиот обвинет Дејан Драгијевиќ призна дека со голи раце го задавил девојчето.