Светлана Драгијевиќ, мајката на Дејан Драгијевиќ, кој е обвинет дека ја убил Данка Илиќ, се жалела пред новинарите дека полицајците и ја уништиле куќата и го ископале дворот во нивната потрага по телото.
„Денес бев на гробишта, го подготвував погребот на мојот син Далибор што ќе се одржи во четврток. Купував ковчег, цвеќиња и сè останато … Јас сум во хаос, пак ќе треба да викнам брза помош – се жалеше таа.
Таа посебно се пожали дека полицајците и ја „уништиле куќата“.
„Полицајците ми ја упропастија и уништија куќата, дворот го раскопаа и уништија, ми собраа работи од куќата, мене не ми се верува што ми се случува. Не се чувствувам добро, очекувам да ми дојде адвокат“ – кажа Светлана.
На крајот додаде дека и понатаму не верува дека нејзиниот сопруг и децата го направиле тоа злодело.
„Не знам ништо за мојот маж, кој се наоѓа во притвор. Но сигурно е дека и на него му е тешко што му почина синот. Јас не знам ништо за убиството на Данка, не е возможно дека моите синови биле инволвирани во тоа – рече Светлана.