„Се молат сите граѓани на Србија кои живеат во Виена доколку видат девојче кое личи на Данка Илиќ веднаш да ја известат полицијата“. Овој апел го објавија српските медиуми по најновите информации зан исчезнатото девојче.
Данка има 2 години, кафеава коса и кафени очи, висока е околу 85 сантиметри.
Девојчето било видено во придружба на две Романки во Виена. Полицијата синоќа ги контактирала своите австриски колеги и ги испратила сите податоци и видеото до Европол, пишуваат српските медиуми.
Интензивно се работи на идентификација и лоцирање.
По Данка се трага веќе шест дена.