Мајката и таткото на Данка Илиќ, Ивана и Милош првпат заедно проговорија за кобниот ден на 26 март кога ја загубија ќерката.
Имено, родителите на Данка Илиќ едвај проговориле за несреќниот ден кога исчезнала нивната ќерка. Со грутка во грлото прво проговори таткото на Данка, а потоа се приклучи и мајката, која е на јасен став дека не сака никој да и изрази сочувство, бидејќи во длабочината на душата верува дека нивното дете е живо.
-Поради се што беше кажано за нас и бидејќи сме клеветени на најлош можен начин како родители, рековме дека јавно ќе зборуваме кога ќе се разреши случајот, односно кога ќе ја дознаеме целата вистина за исчезнувањето на нашата ќерка Данка, изјави Милош Илиќ за српска Република.
Ивана и Милош раскажаа како нивниот среќен живот наеднаш се претворил во кошмар од кој велат дека никогаш не излегуваат.
-Што мислиш за нас?! Како се нашите души и срца?! Како сме без дете? Како се чувствуваме кога синот прашува каде е сестра му, кога вели „Мамо, каде е Данка?“, а неа ја нема, рече Ивана гледајќи со поглед на безнадежност. На прашањето да опишат како исчезна Данка и која е вистината за нејзиното исчезнување, родителите гласно рекоа:
„Се е лага“, а Милош потоа продолжи: „Освен што многумина ја бараа. Ивана е добра мајка, а јас сум добар татко, но… вистината се уште не е стигната. Монструмите се уапсен, но…“.
Ивана и Милош велат дека не прифаќаат изрази на сочувство од околината, иако се облечени во црно од денот кога полицијата соопшти дека се оствариле најстрашните сомнежи, а нејзината Данка била убиена од двајца вработени во ЈКП Водовод Бор, Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ.
„Не прифаќаме кога ќе ни изразат сочувство, ги замолуваме да не го прават тоа, бидејќи се уште не сме ја виделе нашата ќерка. Останува уште таа една трошка надеж дека ќе се врати жива. Сакам да нагласиме дека тие свеќи не ги запаливме поради најлошото, туку за да и го осветлиме патот за враќање“.