Момчето кое изврши масакр во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград, Коста Кецмановиќ, постојано мислело на сестра му, па дури сакало и да ѝ купи подарок за 8 март, објави српска Република.
Иако е ладнокрвен и рамнодушен кон злочинот што го извршил, тој сепак понекогаш се прашува каде е и што прави неговата сестричка. Тој дури побара од вработените да му дозволат да ѝ испрати цвеќиња и чоколада за Денот на жената на сестра му – објаснува извор запознаен со случајот.
Изворот додава дека тоа не е сѐ што Коста сакал да ѝ приреди на овој датум. Решил да направи и честитка во која пишува дека не ја заборавил и мисли на неа.
Без размислување рече дека му недостигаат вујко му, кучето и сестра му. Не ги спомна мајка му и татко му. Не покажа никакво жалење што им го уништи животот на неговите родители – вели изворот.
Коста Кецмановиќ на 3 мај во 8.40 часот упадна во основното училиште „Владислав Рибникар“ каде што го застрела школскиот чувар кој починал од повредите. Потоа уби 3 девојчиња кои биле во фоајето на училиштето, па уби 6 ученици и ги рани наставникот по историја и 5 други деца во училницата за часови по историја каде што неговото одделение имало часови.