Коста Кецмановиќ кој е во психијатриска болница по масакрот кој го направи, не престанува да ги шокира лекарите.
Тие не можат да “влезат“ во неговиот мозок и велат дека тој не покажува никакво каење.
-Тој како и другите пациенти се шиша кај клинички фризер, сепак навикнат е на најскапите фризери, кои му ги исполнуваат сите желби, па на лекарите им рекол: „Дајте ми добар фризер, овој е лош. Косата ми е страшна, рекол малиот монструм.
Тој имал и уште едно чудно, па и шокантно барање.
-Сакам да ставам пирс, барал Кецмановиќ.
Имал и други желби и барања, како поубава постелнина и анатомска перница.