Регион сириза се распаѓа

Каселакис: За девет години СИРИЗА изгуби 68 отсто од пратеничката група

Реалноста е дека СИРИЗА во оваа просторија некогаш имаше 149 пратеници, потоа имаше 145, па 86, па 71 и на крајот 47. Со други зборови, за девет години изгубивме 68 отсто од нашата пратеничка група, од нашата парламентарна сила, истакна претседателот на СИРИЗА Стефанос Каселакис на почетокот од неговиот говор на состанокот на пратеничката група, јави дописничката на МИА од Атина.

Каселакис: За девет години СИРИЗА изгуби 68 отсто од пратеничката група

Станува збор за прв состанок на пратеничката група откако единаесетмина пратеници од две фракции ја напуштија СИРИЗА, а партијата сега има 36 од 47 пратеници по изборите во јуни, нешто што не остана неискоментирано од Каселакис.

Рече дека иако се 36 пратеници, „моралното парламентарно присуство на СИРИЗА е и ќе биде 47 пратеници, затоа што тоа го избра грчкиот народ“.

Упати критики до пратениците што си заминаа дека не го испочитувале кодексот на однесување со оглед на тоа дека не ѝ ги вратија на партијата пратеничките места, но и дека нивните амбиции ги ставаат над општеството.

За драстично намалениот број пратеници во изминатите девет години, Каселакис истакна дека тоа е реалност што сега треба да ја сменат.

-Очигледно за девет години се менува државата, се менува општеството. И за жал, заклучокот е дека постепено дојде до разединување меѓу СИРИЗА и општеството. Јаз меѓу политичкиот предлог на СИРИЗА и општествените промени. Ова е реалноста што сега сме повикани да ја смениме, порача лидерот на СИРИЗА.

На истражувањата на јавното мислење во Грција спроведени во изминатиот период СИРИЗА е со намален рејтинг и падна на третото место, зад ПАСОК.

Најнови вести од Регион

To top