-Не е тајна, луѓето ги гледаат селата околу Рогатица, луѓето фотографираат среде бел ден дека таму има вежба. Имам фотографии, ќе ги покажам на телевизија, рече тој.
Хелез синоќа на телевизија Н1 ги презентираше првите информации за наводно постоење кампови за обука на паравоени формации во РС, наведувајќи дека станува збор „за некои млади и некои луѓе од Русија“, не сакајќи да каже од кого ја добил информацијата .
На тврдењата на Хелез реагираше министерот за безбедност на БиХ, Ненад Нешиќ кој остро ја осуди и отфрли изјавата на министерот за одбрана на БиХ за постоење на руски воени кампови во РС, кои работат под закрила на МВР на РС.