Продолжува потрагата по телото на двегодишната Данка Илиќ од Бор. Полицијата го пребарува теренот од селото Злот, кон селото Шумраковац, каде има неколку депонии и резервоари со вода.
Еден од осомничените за убиството на рочиштето признал дека го преместил телото, што ја отежнува работата на полицијата.
Припадниците на Управата за криминалистичка полиција (УКП) од Белград и Бор интензивно работат на пронаоѓање на телото на малата Данка и утврдување на сите факти и околности поврзани со овој случај.
Исчезнувањето на Данка Илиќ било пријавено на 26-ти март, а девет дена подоцна работниците на „Водовод“ од Бор, Дејан Драгијевиќ (50) од село Злот и Срѓан Јанковиќ (50) од село беа уапсени.
Двајцата осомничени на рочиштето во полиција го признаа тешкото убиство, а Драгијевиќ детално го раскажа трагичниот настан во обвинителството и рече дека откако го удрил девојчето со службената „фиат панда“, ја задавил Данка и телото го фрлил на депонија. Тој исто така призна дека два дена подоцна го префрлил телото на локација која уште е непозната за истражителите.
Сите околности на овој монструозен чин уште се утврдуваат и потрагата по телото на девојчето продолжува. Според шефот на МУП на Србија, Драгијевиќ и Јанковиќ не покажале ни трошка каење додека биле испрашувани за девојчето, а првото нешто што ги издало било полиграфското тестирање, иако веднаш не паднале, давале различни одговори и одолговлекувале.