Регион Трагичен крај

ДЕТАЛИ ОД УЖАСОТ: Познат начинот на кој починала малата Данка

„Тело го фрлиле на дива депонија покрај „Старобањски пут“ кај Бор“ – објавиа српските медиуми.

ДЕТАЛИ ОД УЖАСОТ: Познат начинот на кој починала малата Данка

За жал, потрагата по исчезнатата Данка Илиќ (2) имаше трагичен крај. Најмрачните сомнежи на семејството и јавноста се остварија, а утрово се уапсени две лица, под сомнение дека, според медиумите, со автомобил убиле мало девојче, а потоа нејзиното тело го фрлиле на дива депонија покрај „Старобањски пут“ кај Бор.

Како што потврдија за АТВ, криминалистичката полиција од Бор ги привела работниците на јавното комунално претпријатие „Водовод“ Бор С.Ј.(50) од село Лука и Д.Д.(50) од село Злот.

-С.Ј. е осомничен дека на улицата „Радомир Путник“ со службеното возило „фиат панда“ удрил во пешак, двегодишно девојче Данка, и ја усмртил. Заедно со колегата Д.Д. телото на девојчето го ставиле во багажникот на возилото, по што се упатиле кон дивата депонија на „Старобањски пут“ кај Бор, каде телото го фрлиле на десната страна од патот, вели извор близок до истрагата.

С.Ј. е обвинет за сторено тешко кривично дело против безбедноста на јавниот сообраќај, а Д.Д. е обвинет за помошник на сторителот по извршувањето на кривичното дело. По апсењето и на двајцата им е одреден притвор до 48 часа.

Истрагата на криминалистичката полиција на ПУ Бор укажува дека ова се случило на 26 март околу 13 часот и 52 минути, односно само седум минути откако исчезна девојчето, како што кажа мајката во пријавата.

– С.Ј. е обвинет дека не ја приспособил брзината на возилото на состојбата и условите на патот, поради што со предниот десен дел од возилото го удрил девојчето и го усмртил, вели извор од истрагата, пренесуваат српските медиуми.

Данка Илиќ исчезна на 26 март околу 13 часот и 45 минути во Бањско Поле кај Бор. Кога исчезнала била со мајка и и брат и оттогаш и се губи секаква трага. Поради нејзиното исчезнување, за прв пат во Србија е активиран системот „Најди ме“.

To top